Оваа веб страна е наменета за лица над 18 години.

Ве молиме изберете една од опциите за да продолжите:

Оваа веб страница е достапна само за корисници над 18 години!

Skip to content

НОВОСТИ

„Мастербет ДООЕЛ Скопје“ започнува донаторска акција за училиштата во Струга, во првата фаза донирани едукативни помагала за 6 основни училишта

„Мастербет ДООЕЛ Скопје“ , во чии рамки е „Астра“, започнува донаторска акција за училиштата во Струга, во првата фаза донирани едукативни помагала за 6 основни
училишта.

Водејќи се од своите заложби за општествена одговорност, „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ во чии рамки е приредувачот на игри на среќа „Астра“, денес со своја донација даде придонес за подобрување на условите за спроведување на наставните програми во основните училишта во Општина Струга.

Донацијата, која што се состои од спортски реквизити, едукативни помагала и наставни средства, претставници на „Мастербет“ им ја предадоа на шефот на кабинетот на градоначалникот и директорите на основните училишта за кои се наменети донираните средства.

„Како општествено одговорни компании, во рамки на нашите можности секогаш се трудиме преку нашите донаторски активности да одговориме на потребите на заедницата. Се надеваме дека опремата и наставните помагала кои што денеска им ги предадовме на претставниците на општина Струга ќе придонесеме за подобрување на условите во училиштата во Струга, на наставниците ќе им бидат од помош при спроведување на наставната програма, а на учениците ќе им го олеснат процесот на учење“, вели Бојан Коцевски од „Мастербет“.

Донираната опрема е наменета за основните училишта „Орхан Џемаили“, „Гоце Делчев“ село Јабланица, „Зини Хани“ во село Велешта, „Св. Климент Охридски“ во село Драслајца, „Ашим Агуши“ во село Радолишта, „Јосип Броз Тито“ во Струга. Денешниот настан е почеток на поголема донаторска акција која што „Астра“ ќе ја спроведува во неколку фази во текот на оваа година, при што спортска опрема и наставни помагала ќе бидат донирани на средни, основни училишта и градинки во општина Струга.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија се дел од голем број на хуманитарни активности. Во екот на првиот бран на пандемијата со „Ковид-19“, Хотелот „Фламинго“ во Гевгелија беше отстапен на државата за карантин, беше донирана медицинска опрема и болнички кревети во износ од 200 илјади евра, а вработените учествуваа во масовна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

ОСТАНАТИ НОВОСТИ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор. Добивај вести на вибер Соработката меѓу Новоматик Македонија, во чија групација ...

Новости
Прочитај Повеќе ->

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА СПОНЗОРСТВО со ФК Пирок 

ФК Пирок постигна договор за спонзорство со Астра Казино, кој беше финализиран со потпишување на договорот од двете страни до крајот на сезоната и со можност за продолжување во следните сезони.  Сп...

Новости
Прочитај Повеќе ->

„Астра казино“ ги продолжува празничните донации, подари новогодишни пакетчиња за децата од загрижувачките семејства

Во духот на новогодишни и божиќни празници, „Астра казино“ деновиве се вклучи во хуманитарната активност „Волшебна елка на желби“ која се реализира на иницијатива на Црвениот крст. Во рамки на акци...

Новости
Прочитај Повеќе ->