НОВОСТИ
Донација од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Водејќи од своите заложби за општествена одговорност, „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ во чии рамки еприредувачот на игри на среќа „Астра“, денес со своја донација дадепридонес за подобрување на условите во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.
Донацијата се состои од кујнски прибор и електрични апарати за домаќинство, кои раководството на Домот ги акцентираше како нужност.

„Како општествено одговорни компании, во рамки на нашите можности секогаш се трудиме преку нашите донаторски активности да одговориме на потребите на заедницата. Затоа ја поддржавме оваа иницијатива која помага на најранливите категории во заедницата“, велат од компанијата.
Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија е дел од голем број на хуманитарни активности. Во екот на првиот бран на пандемијата со „Ковид-19“, Хотелот „Фламинго“ во Гевгелија беше отстапен на државата за карантин, беше донирана медицинска опрема и болнички кревети во износ од 200 илјади евра, вработените учествуваа во масовна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

ОСТАНАТИ НОВОСТИ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија
Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор. Добивај вести на вибер Соработката меѓу Новоматик Македонија, во чија групација ...

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА СПОНЗОРСТВО со ФК Пирок
ФК Пирок постигна договор за спонзорство со Астра Казино, кој беше финализиран со потпишување на договорот од двете страни до крајот на сезоната и со можност за продолжување во следните сезони. Сп...

„Астра казино“ ги продолжува празничните донации, подари новогодишни пакетчиња за децата од загрижувачките семејства
Во духот на новогодишни и божиќни празници, „Астра казино“ деновиве се вклучи во хуманитарната активност „Волшебна елка на желби“ која се реализира на иницијатива на Црвениот крст. Во рамки на акци...