НОВОСТИ
„Астра казино“ генерален спонзор на овогодишниот турнир во мал фудбал „8 Септември“

По повеќе од една деценија континуирана поддршка, „Астра казино“ оваа година гордо ја презеде улогата на генерален спонзор на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември Маџари – Триангла“.
Турнирот кој оваа година се одржува по 17-ти пат своето отворањето го имаше синоќа на спортското игралиште во Маџари. На овогодинешниот турнир, кој треба да биде поконкурентен од кога било, ќе учествуваат 48 екипи кои ќе се борат за првото место и богат награден фонд.
„Астра казино“ сега како генерален спонзор обезбеди 300.000 денари за да се обезбеди успешна организација на настанот. Посветеноста на компанијата за поттикнување на локалниот спорт дополнително се покажува и со учеството на сопствен тим на турнирот.

„Ни претставува чест и задоволство што ќе продолжиме со нашата поддршка за оваа значајна локална традиција. Овој турнир не само што обединува талентирани играчи, туку и ги зајакнува врските во нашата заедница. Се радуваме што сме дел од овој фантастичен настан и на сите тимови им посакуваме многу среќа“, велат од компанијата.
Како дел од Новоматик Македонија Групацијата, „Астра Казино“ со генералното спонзорство за традиционалниот турнир ги исполнува високите корпоративни вредности за општествена одговорност и ја нагласува нејзината посветеност на промовирање здрави и активни животни стилови во нашето општество.
Турнирот „8 Септември“ е врв на локалниот спортски календар речиси две децении, нудејќи им на играчите и на навивачите можност да се уживаат во одлична спортска забава.
Турнирот е организиран од Здружението на граѓани Солидарност – М по повод Денот на независноста и се одржува веќе 17 години по ред, при што секоја година учество во натпреварувањето земаат околу 50 екипи од цела Македонија и по повеќе од 500 натпреварувачи.
ОСТАНАТИ НОВОСТИ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија
Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор. Добивај вести на вибер Соработката меѓу Новоматик Македонија, во чија групација ...

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА СПОНЗОРСТВО со ФК Пирок
ФК Пирок постигна договор за спонзорство со Астра Казино, кој беше финализиран со потпишување на договорот од двете страни до крајот на сезоната и со можност за продолжување во следните сезони. Сп...

„Астра казино“ ги продолжува празничните донации, подари новогодишни пакетчиња за децата од загрижувачките семејства
Во духот на новогодишни и божиќни празници, „Астра казино“ деновиве се вклучи во хуманитарната активност „Волшебна елка на желби“ која се реализира на иницијатива на Црвениот крст. Во рамки на акци...