Во согласност со одредбите од член 16 од Законот за заштита на личните податоци (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20 и 294/21), Друштвото за туризам,угостителство и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, претставувано и застапувано од Управителoт Дарко Билбиловски и Управителот Бојан Коцевски на ден 23.04.2024 година ја донесоа следната:
ПРОЦЕДУРА
ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
- Вовед
Согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Друштвото за туризам,угостителство и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје е должен да преземе соодветни мерки за обезбедување на сите информации наведени во членовите 17 и 18 од овој закон и на секоја комуникација врз основа на членовите од 19 до 26, како и членот 38 од овој закон, поврзани со обработката на личните податоци која се однесува на субјектот на личните податоци на концизен, транспарентен и разбирлив начин, како и во лесно достапна форма, со користење на јасен едноставен јазик.
Друштвото за туризам,угостителство и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје со оваа процедура го уредува начинот на остварувањето на правата на субјектите на личните податоци утврдени во глава III. „Права на субјектот на личните податоци“ од Законот за заштита на личните податоци на начин кој ќе го олесни остварувањето на овие права.
Целта на оваа процедура е и да обезбеди дека кога постапува по барањата на субјектите на личните податоци, им доставува информација за преземените активности без непотребно одложување и во секој случај во период од еден месец од денот на приемот на барањето. Овој рок може да биде продолжен за уште два месеци само ако сложеноста и бројот на барањата го оправдуваат тоа, пришто задолжително го информира субјектот на личните податоци за секое продолжување заедно со причината за одложувањето. Секогаш кога ќе биде можно, каде што субјектот на лични податоци поднел барање во електронска форма, информациите ќе му се обезбедат со користење на електронски средства, освен ако субјектот на личните податоци побара поинаку.
Доколку, Друштвото за туризам,угостителство и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје не преземе активности по барањето на субјектот на личните податоци, во секој случај го информира субјектот без одложување, а најдоцна во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, за причините за непреземените активности и за можноста за поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како и за можноста за користење на судска заштита согласно со закон.
Остварувањето на правата на субјектот на личните податоци се овозможува без надоместок, освен во случај кога барањата од субјектот се очигледно неосновани или прекумерни, особено во однос на нивниот повторувачки карактер, во кој случај Друштвото за туризам,угостителство и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје наплатува надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата, комуникацијата или постапувањето по барањето.
2. Информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци од субјектот на личните податоци
Кога МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ги собира личните податоци непосредно од субјектот на личните податоци, во моментот на собирањето му ги обезбедува следните информации:
– целосен назив и контакт податоци за Друштвото за туризам,угостителство и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје како контролор;
– контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци (e-mail и телефон);
– целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката;
– легитимните интереси за обработка, во случај кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
– корисниците на личните податоци или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има;
– информација за пренос на личните податоци во трета земја или меѓународна организација, како и во случај на пренос на лични податоци во земја на Европската Унија или Европскиот Економски Простор, заедно со податоци за соодветните заштитни мерки во врска со преносот;
– временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, односно критериумите што се користат за одредување на периодот на чување, ако не е возможно егзактно одредување на периодот на чување;
– информација за правото на субјектот да бара од страна на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на него, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците;
– информација за постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, во случај кога субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе конкретни цели;
– правото на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци;
– информација дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени.
3. Информации коишто се доставуваат кога личните податоци не се добиени од субјектот на личните податоци
Kога личните податоци не се добиени непосредно од субјектот на личните податоци, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, на субјектот му ги обезбедува следните информации:
– целосен назив и контакт податоци за МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје како контролор;
– контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци (e-mail и телефон);
– целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката;
– категориите на лични податоци кои се обработуваат;
– корисниците на личните податоци или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има ;
– информација за пренос на личните податоци во трета земја или меѓународна организација, како и во случај на пренос на лични податоци во земја на Европската Унија или Европскиот Економски Простор, заедно со податоци за соодветните заштитни мерки во врска со преносот;
– временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, односно критериумите што се користат за одредување на периодот на чување, ако не е возможно егзактно одредување на периодот на чување;
– легитимните интереси за обработка, во случај кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
– информација за правото на субјектот да бара од страна на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на него, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците;
– информација за постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, во случај кога субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе конкретни цели;
– правото на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци;
– информација дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени;
– изворот на личните податоци, односно информација дали податоците се собрани од јавно достапни извори.
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје му ги обезбедува информациите од оваа точка на субјектот на личните податоци:
– најдоцна во рок од еден месец, имајќи ги предвид посебните околности под кои личните податоци се обработуваат;
– ако личните податоци се користат за комуникација со субјектот на личните податоци, најдоцна при остварување на првиот контакт со субјектот на личните податоци или
– ако е предвидено откривање на друг примач, најдоцна до моментот кога личните податоци се откриени за прв пат.
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје не го известува субјектот на личните податоци во случај кога:
– субјектот веќе располага со информациите;
– личните податоци мора да останат доверливи во согласност со обврската за деловна тајна, што се регулира со закон, вклучувајќи и законска обврска за доверливост;
– во други случаи утврдени со закон.
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје во рок од најмногу 30 дена дава писмен одговор на барањето, односно го овозможува остварувањето на правото за заштита на личните податоци, доколку постојат законски претпоставки за тоа. МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје не го информира субјектот на лични податоци ако тој е веќе претходно информиран за личните податоци, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци или обработката, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање или ако има оправдана причина за барањето.
4. Право на пристап
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје вообичаено личните податоци на субјектите ги собира директно од нив, но исто така во случаи согласно закон може да ги собира и од трети лица. За да можат субјектите чии лични податоци се обработуваат од страна на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, да го остварат правото на пристап до своите лични податоци е обезбедена можност субјектите да пополнат образец на Барање за информација дали МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје врши обработка на личните податоци на субјектот.
Доколку, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје врши обработка на личните податоци, субјектот има право на пристап до информации за неговите лични податоци што се обработуваат, пришто, согласно член 19 од Законот за заштита на личните податоци, може да добие пристап до следните информации: целите на обработката; категории на лични податоци кои се обработуваат; корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци, особено кога преносот се врши во друга земја; рок до кога ќе се чуваат личните податоци; постоењето на право да се бара исправка или бришење, или ограничување на обработката на личните податоци, како и право на приговор против обработката; право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци доколку смета дека обработката на личните податоци ги прекршува одредбите на Законот за заштита на личните податоци; изворот на податоците ако личните податоци не се собираат од субјектот на личните податоци; податоци за постоењето на автоматизиран процес на одлучување во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци, информација за примена на соодветните заштитни мерки во случај на пренос на податоците , како и право да се добие копија од личните податоци што се обработуваат.
Правото за добивање пристап се остварува со пополнување и потпишување на образец на Барање за информација и пристап до личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје , кое е дадено во Прилог 1 како составен дел на оваа процедура.
Барањето за информација и пристап до личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје се пополнува и се доставува лично од субјектот на личните податоци, по електронска пошта на masterbet@astra.mk
По приемот на Барањето во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, за реализација на правото постапува секторот за правни и кадрови работи во соработка со офицерот за заштита на личните податоци.
5. Право на исправка на личните податоци
Во случај кога субјектот на личните податоци ќе побара исправка на неговите лични податоци за кои тврди дека се неточни, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето, во случај кога истото е основано, врши исправка на неговите неточни лични податоци. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава, по што МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје во рок од 15 дена врши дополнување на нецелосните лични податоци на субјектот. Во случај кога МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ќе утврди дека личните податоци на субјектот се нецелосни, неточни или неажурирани, истите ќе ги дополни, измени или избрише, независно од тоа дали субјектот на лични податоци има поднесено барање за дополнување или изменување на личните податоци.
За секоја извршена исправка на личните податоци, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје го известува субјектот најдоцна во рок од 30 дена од денот на исправката, како и корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци. Правото за исправка на личните податоци се остварува со пополнување и потпишување на образец на Барање за исправка на личните податоцикои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје , кое е дадено во Прилог 2 како составен дел на оваа процедура.
Барањето за исправка на личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, се пополнува и се доставува лично од субјектот на личните податоци, по електронска пошта на masterbet@astra.mk
По приемот на барањето во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, за реализација на правото постапува секторот за правни и кадрови работи во соработка со офицерот за заштита на личните податоци.
6. Право на бришење на личните податоци
Субјектот на личните податоци има право да побара од МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје неговите лични податоци да се избришат, при што личните податоци на субјектот ќе бидат избришани во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. За да може да се избришат личните податоци на субјектот кој поднел барање за бришење, претходно треба: личните податоци повеќе да не се потребни за целта за која биле собрани или обработени; субјектот на личните податоци да ја повлекол својата согласност, а притоа да не постои друга законска основа за обработка од страна на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје; субјектот на личните податоци да поднел приговор на обработката, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката од страна на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје; личните податоци биле незаконски обработен; личните податоци треба да бидат избришани заради почитување на законска обврска од страна на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје; или личните податоци биле собрани во врска со понудата на услуги на информатичко општество, со директното нудење на услуги на информатичкото општество на деца, согласно со членот 12 став (1) од Законот за заштита на личните податоци. Во случај личните податоци на субјектот за кои се бара бришење да се јавно објавени, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ќе преземе дејствија и технички мерки за да ги извести другите контролори кои ги обработуваат личните податоци дека субјектот побарал бришење на сите линкови, копии или репродукции на личните податоци од страна на тие контролори, имајќи ги во предвид достапната технологија и трошоците на спроведувањето. Бришењето на лични податоци на субјектот нема да се спроведе до оној степен до кој обработката е неопходна за усогласување со законска обврска на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје. За секое извршено бришење на личните податоци, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје во рок од 30 дена од денот на бришењето писмено ги известува корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци. Правото за бришење на личните податоци се остварува со пополнување и потпишување на образец на Барање за бришење на личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, кое е дадено во Прилог 3 како составен дел на оваа процедура.
Барањето за бришење на личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, се пополнува и се доставува лично од субјектот на лични податоци, по електронска пошта на masterbet@astra.mk
По приемот на барањето во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, со реализација на правото постапува секторот за правни и кадрови работи во соработка со офицерот за заштита на личните податоци.
7. Право на ограничување на обработката на личните податоци
Субјектот на личните податоци има право да побара ограничување на обработката од МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, ако е исполнет еден од следните услови:
- точноста на личните податоци се оспорува од субјектот на личните податоци, за период кој му овозможува на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје да ја провери точноста на личните податоци;
- обработката е незаконска и субјектот на личните податоци се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба;
- за целите на обработка,МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје нема повеќе потреба од личните податоци, но субјектот на личните податоци ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања;
- субјектот на личните податоци се спротивставува на обработката согласно со членот 25 став (1) од овој закон во очекување на верификација дали легитимните интереси на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје преовладуваат над интересите на субјектот на личните податоци.
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје најдоцна во рок од 30 дена од денот на ограничувањето, писмено ги известува корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци. Кога обработката на личните податоци е ограничена, понатамошна обработка на тие лични податоци може да се врши само со согласност на субјектот на личните податоци, или за остварување и заштита на неговите правни барања или за заштита на правата на друго физичко или правно лице. МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ќе го информира субјектот пред да престане ограничувањето на обработката. За секое ограничување на обработка на личните податоци,МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје во рок од 30 дена од денот на ограничувањето писмено ги известува корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци. Правото на ограничување на обработката личните податоци се остварува со пополнување и потпишување на образец на Барање за ограничување на обработката на личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, кое е дадено во Прилог 4 како составен дел на оваа процедура. Барањето за ограничување на обработката на личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, се пополнува и се доставува лично од субјектот на личните податоци, по електронска пошта на masterbet@astra.mk
По приемот на барањето во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, со реализација на правото постапува секторот за правни и кадрови работи во соработка со офицерот за заштита на личните податоци.
8. Право на преносливост на личните податоците
Согласно член 24 од Законот за заштита на личните податоци субјектот на личните податоци има право да ги добие неговите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машинско читлив формат, при што има право да ги пренесе на друг контролор доколку: обработката е заснована на согласност на субјектот за обработка на неговите лични податоци; за исполнување на договор каде субјектот е договорна страна, односно за преземање на активности на барање на субјектот пред склучување на договорот; и ако обработката се врши на автоматизиран начин.
Правото на преносливост на личните податоци на субјектот на личните податоци не се однесува на преносливост на обработката на личните податоци за работи од јавен интерес или службено овластување на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје. Субјектот на личните податоци го задржува правото на бришење личните податоци по извршеното пренесување на неговите лични податоци од МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје на друг контролор.
Правото на преносливост на личните податоци се остварува со пополнување и потпишување на образец на Барање за пренесување на личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, кое е дадено во Прилог 5 како составен дел на оваа процедура.
Барањето за пренесување на личните податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, се пополнува и се доставува лично од субјектот на личните податоци, по електронска пошта на masterbet@astra.mk
По приемот на барањето во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, со реализација на правото постапува секторот за правни и кадрови работи во соработка со офицерот за заштита на личните податоци.
9. Право на приговор
Согласно член 25 од Законот за заштита на личните податоци, субјектот на личните податоци има право да поднесе приговор во секое време за некоја ситуација поврзана со него, при обработка на личните податоци за извршување на работи од јавен интерес или обработка потребна за целите на легитимните интереси на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, вклучувајќи го и профилирањето засновано на јавен интерес или поради легитимни интереси.
Кога субјектот чии лични податоци се обработуваат, ќе поднесе приговор, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ја запира обработката на личните податоци и не може повеќе да ги обработува личните податоци за горенаведените цели, доколку не докаже дека легитимните интересите на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје за обработка на личните податоци преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот. Во случај кога личните податоци на субјектот се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектот може да поднесе приговор против ваквата обработка поврзани со овој вид на маркетинг, која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг. Кога субјектот чии лични податоци се обработуваат, ќе поднесе приговор против обработка за целите на директен маркетинг, МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ја запира обработката на личните податоци за тие цели. За правото на приговор, субјектот на личните податоци се известува најдоцна до првата комуникација на Друштвото за трговија и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје со него.
Правото на приговор на обработка на личните податоци се остварува со пополнување и потпишување на образец на Приговор на обработка на лични податоци кои ги обработува МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, кој е даден во Прилог 6 како составен дел на оваа процедура.
Приговорот на обработка на личните податоци кои се обработуваат во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје се пополнува и се доставува лично од субјектот на личните податоци, по електронска пошта на masterbet@astra.mk
По приемот на барањето во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, со реализација на правото постапува секторот за правни и кадрови работи во соработка со офицерот за заштита на личните податоци.
10. Право на субјектот на личните податоци да не е предмет на одлука заснована на автоматизирана обработка или профилирање
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје за своите клиенти врз основа на законски одредби или согласност, обработува и чува во својот систем лични податоци за субјектите. Поради оправдани легитимни интереси МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ги обработува и користи личните податоци и на автоматизиран начин, директно од системот, а притоа донесува и поединечни одлуки за субјектите, кои продуцираат правни последици за субјектот.
Субјектот на личните податоци согласно член 26 од Законот за заштита на личните податоци има право да не биде предмет на одлука единствено заснована на автоматизирана обработка на личните податоци или профилирање за субјектот. Автоматско донесување на поединечни одлуки за субјектите на личните податоци и профилирање е дозволено само во случај кога одлуката на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје е потребна за склучување или извршување на договор помеѓу субјектот и МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје; автоматското донесување на поединечни одлуки или профилирањето е дозволено со закон кој се применува во однос на МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје ; автоматското донесување на поединечни одлуки или профилирањето се заснова на изречна согласност на субјектот на лични податоци.
При автоматско донесување на поединечни одлуки и профилирање МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје му обезбедува на субјектот на личните податоци право на изразување на личен став во врска со одлуките, човечка интервенција, како и право на оспорување на одлуката. Одлуките донесени на автоматски начин, вклучувајќи и профилирањето не се засноваат на обработка на посебните категории лични податоци, освен кога автоматското донесување на одлуки се донесува врз основа на согласност на субјектот или поради причини од јавен интерес, со почитување и примена на соодветни заштитни мерки за заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци.
Правото на субјектот на личните податоци да не биде предмет на одлука заснована на автоматизирана обработка или профилирање се остварува со пополнување и потпишување на образец на Барање кое е дадено во Прилог 7 како составен дел на оваа процедура.
Барањето за одлуката да не се заснова (само) на автоматска обработка на личните податоци или профилирање, се добива и се доставува лично од субјектот на личните податоци, по електронска пошта на masterbet@astra.mk
По приемот на барањето во МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје, со реализација на правото постапува секторот за правни и кадрови работи во соработка со офицерот за заштита на личните податоци.
11. Завршни одредби
Овластените лица кои вршат обработка на лични податоци, се должни да постапуваат во согласност со оваа Процедура, како и во согласност со Законот за заштита на личните податоци личните податоци.
Оваа Процедура влегува во сила со денот на нејзиното донесување.